Џихадистичката група Исламска Држава презеде одговорност за денешниот ракетен напад кон аеродромот во авганистанскиот главен град Кабул.
– Војниците на калифатот истрелаа шест ракети кон меѓународниот аеродром во Кабул, се наведува во соопштението на ИД.
Неколку ракети беа истрелани рано утрово кон меѓународниот аеродром во Кабул, но беа пресретнати од американски противракетен систем, изјави неименуван американски претставник за западни медиуми.
Според него, биле испукани пет проектили, но тој не прецизира дали американската армија ги соборила сите. Тој додаде дека според првичните извештаи, нема жртви меѓу американски државјани.