Иако со векови војувале Сунитите и Шиитите во Ирак сега имаат заеднички непријател ИСИЛ

Од:

Дневни аваз – Сараево

Борците на ИСИЛ во последниот освоен главен град во покраината Анбар, градот Рамади, од врата до врата пребарувале куќи барајќи полиција и провладини борци. По крвавиот поход, телата на убиените ги фрлале во реката Еуфрат. Рамади воедно е најголемата победа на ИСИЛ од почетокот на освојувањето на Ирак. При освојувањето на Рамади убиени се околу 500 луѓе, меѓу кои голем број цивили.

На повикот на премиерот Хаидер ал-Абадиај, стотици луѓе кои се следбеници на политиката на иранските Шиити и паравоени единици, тргнаа во воената база во близина на Рамади, главен град на сунитската покраина Анбар, за да се подготват за обид на преземање на градот, рекоа властите во Анбара. Наредбата на премиерот, т.е. повикот, ги изненади многумина, со оглед на загриженоста на САД кој смета дека присутноста на Шиитите во покраината во која Сунитите се мнозинско население, може да доведе до племенско крвопролевање.

Се до сега, одбраната на Анбар ја водеше ирачката војска на чија страна се бореа припадници на Сунитски племиња на кои ал-Абадиевата шиитска влада вети помош во борбите, но тоа никогаш не се оствари. Шиитските борци се наоѓаат на првата линија на одбраната од нападите на Исламската држава и на други фронтови северно од Багдад. Тие често се обвинувани за убиства, грабежи и палење на села во кои живеат Сунити. Тие обвиненија водачите на Шиитите никогаш не ги потврдија. Но, сега имаат заеднички непријател, ИСИЛ чија бруталност е полоша од наводните шиитски бруталности над Сунитите.

Многу Сунити веќе ги прифатија Шиитите во своите редови во борба против заедничкиот непријател. – Ги поздравуваме сите групи на борци вклучувајќи ги и шиитските борци да ни се приклучат во борбата за ослободување на градот од окупаторот – рече лидерот на сунитското племе Наеем ал-Гауоуд, кој учествуваше во борбите во Рамади и го критикуваше начинот на спроведување на одбраната на градот. Тој додаде дека војската не била подготвена за одбрана, т.е. дека не биле подготвени на толку жестоки напади од страна на борците на ИСИЛ.

Абу Амар, жител на Анбар кој во Рамади имал продавница, рекол дека одбраната не ја забележал. Рекол дека немало одбраната од страна на Шиитите од нападите на милитантите. – Ако шиитската војска влезе во Рамади ќе го направи истото што го направија во Даешу. Во било кој случај ќе бидеме убиени. За нас нема разлика меѓу народната шиитска војска и борците на ИСИЛ.

– Тоа се две лица на иста кованица – рече Абу Амар. Во последниот напад на ИСИЛ, според официјални бројки настрадаа 500 луѓе, но точниот број на загинатите на ова подрачје не е познат со оглед на тоа дека многу луѓе се раселени, а многу настрадаа во изминатите борби кои траат веќе неколку месеци. Според проценките на ОН околу 114.000 жители на Рамади го напуштиле градот и се населиле во блиските села. Улиците на Рамади се празни. Неколкумина скитаат во напуштеното место барајќи храна и вода. Според зборовите на очевидците, милитантите одат од врата до врата, насилно влегувајќи во домовите барајќи полиција и водачи на провладините племиња, посебно бараат припадници на племето Ал Бу Алван, кои владата ги држеше во притвор. Се шпекулира дека бараат сојузници за идните борби и походи во освојување на останатите градови. Од Вашингтон порачуваат дека нивните сили и понатаму се на терен и ќе продолжат да ги бараат и да ги напаѓаат борците на ИСИЛ.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад