И во Белата куќа згрозени од извештаите за откриената масовна гробница во Изјум

Од:

Извештаите за откриена масовна гробница од повеќе од 440 тела, многумина од нив цивили, во Изјум, град неодамна ослободен од украинските сили во нивната офанзива во источна Украина, се „ужасувачки“, изјавија денеска од Белата куќа.

Според Џон Кирби, координатор по стратегиски комуникации во Советот за национална безбедност, направените злодела се „одвратни“ и „ужасувачки“.

– За жал, ова е во чекор со изопаченоста и жестокоста со која руските сили ја водат оваа војна против Украина и украинскиот народ, изјави тој денеска на брифингот во Белата куќа.

Кирби рече дека САД продолжуваат со „активна поддршка на напорите за документирање на воените злосторства и ѕверствата извршени од руската војска во Украина, и дека асистираат во националните и меѓународните напори за идентификување на Русите и нивно повикување на одговорност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков