„Хуриет“: Турција ќе гради ѕид долж границата со Иран

Од:

Турција планира да изгради ѕид долж границата со Иран, сличен на оној долж границата со Сирија, во рамки на новите мерки за борба против тероризмот, пишува аналитичарот на весникот „Хуриет“, Абдулкадир Селви, повикувајќи се на неименуван турски претставник од безбедносната сфера.

Аналитичарот потсетува дека Турција ѕидот долж турско-сириската граница го изгради за да го спречи преминувањето и извршувањето напади од сириска територија во Турција на терористите од Курдската работничка партија (ПКК) и од Исламската држава.

Според весникот, на иранска територија долж границата со Турција има кампови на ПКК, во кои се наоѓаат меѓу 800 и 1.000 членови на терористичката организација. Овие терористи преминуваат на турска територија единствено со цел да извршат напади. За да го спречат тоа, турските власти планираат изградба на ѕид на границата со Иран.

Втора нова мерка во борбата против ПКК е 24-часовното набљудување со камери на 140-километри долгиот пат Елизаг-Тунџели во источна Турција. Оваа мерка ќе помогне во откривање и деактивирање на бомбите што се поставуваат на патот од страна на терористите.

Според безбедносниот извор, Сирија е претворена во „терористичка лабораторија“ за бунтовниците од ПКК, кои планираат во Турција да применуваат терористички методи, слични на оние што ги изведуваат во Сирија.

Истовремено, ПКК се здобила со нова генерација оружје, тврди безбедносниот извор. Според него, ПКК во моментов располага со 18 ракетни системи од понова генерација од западно производство, што се чуваат во кампови на организацијата во Северен Ирак.

Турските власти претпоставуваат дека два или три од овие системи веќе се префрлени во Турција.

Според изворот, ПКК против Турција употребува оружје што западните сојузници им го даваат на Силите за заштита на народот на сириските Курди. САД ги подржуваат овие курдски сили како свој сојузник во борбата против Исламска држава во Сирија, додека Анкара ги третира како терористичка организација, поврзана со ПКК.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел