Хуманитарната ситуација во Дебалцебо е на работ на катастрофа

Од:

Хуманитарната ситуација во градот Дебалцево, на истокот од Украина, се наоѓа на работ на катастрофа, изјави синоќа портпаролот на Министерството за одбрана на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Едуард Басурин.

-Греењето, снабдувањето со струја и вода е во прекин, рече Басурин, а јави ТАСС.

„И покрај жестокиот отпор на непријателот ( украинската армија и единиците на националната гарда) кои се распоредени по станбените згради и станови, ние од своја страна не поставуваме никакви пречки за евакуација на цивилите од Дебалцево“, додаде Басурин, пренесе ТАСС.

Тој наведе дека околу илјада жители во изминатите неколку дена веќе го напуштиле градот со приватни возила и автобуси.

ОН вчера упати апел до украинската војска и силите на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ да го потпишат привременото примирје што на населението на Дебалцево и блискиот град Горловка ќе им овозможи да се евакуираат, као и да им биде испорачана хуманитарна помош, пренесе ТАСС.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје