ХРВ: Децата жртви на сексуално насилство во Индија се понижуваат

Од:

Децата жртви на сексуалните напади во Индија кои ги пријавуваат инцидентите често се понижувани од полицијата, а од лекарите добиваат несоодветен третман, соопшти денеска Меѓународната организација за човекови права „Хјуман рајт воч“ (ХРВ).

Во изверштајот објавен во време додека во Индија расте бесот поради начинот на кој се водат случаите на сексуално насилство, ХРВ предупредува дека властите мора да бидат внимателни кон жртвите.

– Полицијата, медицинскиот персонал и другите државни органи често ги игнорираат или отфрлаат тврдењата на децата кои ќе соберат храброст и се пожалат  дека се сексуално злоупотребени. Наместо тоа, тие жртвите често ги изложуваат на понижување и кон нив постапуваат на несоодветен начин, изјави регионалниот директор на ХРВ, Минакаши Гангули.

Во извештајот се истакнува дека децата на сексуално насилство во Индија понекогаш се присилени на така нареченото „испитување со прст“ за да се утврди нивното сексуално искуство, иако форензичарите тврдат дека тој вид на тест нема научна вредност.

Гангули наведе дека полициските станици станале места кои кај луѓето предизвикуваат страв поради тоа што не се спроведени реформи во полицијата за таа да стане повнимателна кон жртвите.

Сексуалните напади врз децата се случуваат во семејствата, во училиштата и во институциите за грижа за децата ширум Индија, а критичарите тврдат дека властите немаат многу успех во апсењето на сторителите.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка