Ходорковски: Одлуката на Путин околу „Јужен Поток“ не е конечна

Од:

Поранешниот руски олигарх Михаил Ходорковски изјави дека смета оти одлуката на претседатлот на Русија, Владимир Путин за откажување од проектот „Јужен Поток“ не е конечна.

– Ги следам случувањата со големо внимание. Мислам дека тоа не е конечната одлука, бидејќи алтернативните решенија на („Јужен поток“) немаат никаква смисла од економска гледна точка, изјави Ходорковски за програмата на италијански јазик на телевизијата Еуроњуз.

Ходорковски е политички противник на Путин, кој долго време беше затворен во работен камп во Русија, а сега живее во Швајцарија.

Путин во понеделникот за време на посетата на Анкара соопшти дека Русија се откажува од реализација на прокетот за изградба на гасоводот „Јужен Поток“ и дека својот извоз на гас ќе го пренасочи кон други пазари, пред се кон Кина и Турција.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија