Хитлер тврдел дека е сиромашен, а всушност бил милијардер

Од:

На денот на самоубиство, нацистичкиот лидер, Адолф Хитлер напишал таен тестамент во кој стои дека, се што поседува го остава на партијата. Меѓутоа, иако тврдел дека е сиромашен, тој сокрил милијарди на сметките во Швајцарија.

Историчарите го следеле трагот на неговите пари преку даночни документи и документации од банки. Се проценува дека Хитлер имал 1,1 милијарда германски марки, што е еднакво на 4,5 милијарди евра.

Во текот на својот живот, тој ги убедувал Германците дека заработувачката му е скромна и дека нема сметка во банка. Но, Хитлер успеал да затаи пари со неплаќање данок, од кој подоцна бил ослободен според закон.

Неговата книга „Mein Kampf”, која ја напишал во затвор му обезбедила заработувачка од милиони тогашни марки годишно и тоа откако со декрет одлучил по една копија да добие секој брачен пар во Германија, а набавката на книгите ја плаќала државата.

10490345_10204149622926730_1021579734_n

Во тестаментот кој што го напишал пред својата смрт, Хитлер барал државата да се грижи, со цел неговите роднини да имаат доволно пари и да и припаѓаат на средната класа.

Тестаментот го откриле сојузнички војници, кога еден нацист се обидел да го изнесе од државата.

Сепак некогашниот британски шпион, Херман Ротман тврди дека Хитлер ги сакал парите, а во прилог на тоа е и фактот според кој нацистичкиот лидер авторски ја заштитил својата фотографија, така што секогаш заработувал како на пример кога било испраќано писмо со поштенска марка на која е неговиот лик.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ