Хитлер и Франкештајн кандидати на изборите во Индија

Од:

На парламентарните избори во индијската држава Магалај, помеѓу кандидатите се наоѓаат и политичарите со имињата Адолф Хитлер и Франкештајн.

Жителите на малата држава се фасцинирани со интересните и контровезните имиња.
Помеѓу 345 кандидати за парламентот на Мегалај се и Франкештајн Момин, Биликид Сангма, Фелд Маршал Мауфјанг и Ромео Рани.

Индијанецот Хитлер, веќе три пати влезе во парламентот, а контраверзиите поради името на германскиот диктатор беа мали.

Адолф Лу Хитлер изјави дека неговиот татко работел со војската на Велика Британија и бил фасциниран од името на непријателот од Втората светска војна, поради што својот син го крстил по него.

Никогаш немав проблем да добијам виза, но на сите патувања ме прашуваат зошто се викам така. Одговарам дека јас немав удел во давањето на сопственото име – изјави тој.

Индија имаше мала улога во Втората светска војна, поради што жителите не го гледаат Хитлер како олицетворение на зло, туку личност која фасцинира.

Очигледно дека родителите биле фасцинирани од имињата на познатите големи војсководци, но мора да бидат свесни дека некои имиња, како на Хитлер се многу контроверзни – изјави учител од Шилонг, Мусфика Хак.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка