Хилари Клинтон на ФБИ ќе му го предаде серверот од нејзината е-пошта

Од:

Поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон се согласи на американското ФБИ да му го предаде серверот од својата приватна електронската пошта, што го користела во време кога раководеше со Стејт департментот.

ФБИ подолго време води истрага за тоа дали доверливи службени информации биле испраќани преку нејзината приватна и-меил адреса, како и дали таквите информации се „складирани“ во серверот.

Клинтон, која учествува во трката за номинација за кандидат на Демократската партија за претседателските избори во 2016 година, претходно, на Стејт департментот му предаде неколку десетици илјади електронски пораки и писма, но не и серверот, преку кој тие биле испраќани.

Нејзините адвокати прифатија, исто така, да ги предадат своите мемориски стикови, кои содржат копии од електронската комуникација на Клинтон.

Користењето на приватната меил адреса за службената комуникација, во време кога таа беше државен секретар на САД, предизвиква бројни критики и осуди во американаката јавност, посебно откако таа влезе во претседателкста трка.

Истражувањето што е направено покажува дека се повеќе Американци сметаат дека Хилари Клинтон погрешила кога водела службена комуникација преку приватната електронска пошта и ја оценуваат како „недоверлива личност“ кога станува збир за нејзните претседателски амбиции.

Според амерканските сојузни закони, целата коресподенција на државните функционери е сопственост на Владата на САД.

Функционерите на америанската Администрација се обврзани да ја користат само службената електронска пошта, кога станува збор за службената комуникација, иако некои функционери во минатото ги користеле и своите приватни и-меил адреси.

Стејт депратментот досега објави голем број од писмата и пораките на Клинтон од времето кога таа беше дел од Администрацијата, но вчера, Министсрството соопшти дека дел од она што поранешниот државен секретар го има предадено, нема да се објавува затоа што „содржи државни тајни“.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски