Хилари Клинтон го спореди Трамп со Милошевиќ

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја има каректеристиката да „поттикне сосед против сосед“, како што правеше „злобниот диктатор Слободан Милошевиќ“, изјави поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон во обраќање на „Бук Експо 2007“.

Како што јави телевизијата Н1, Клинтон го спореди Трамп со поранешниот претседател на СР Југославија и на Србија, Слободен Милошевиќ, кој според неа „го стимулирал етничкото чистење за време на војната во Босна и Херцеговина“.

Клинтон исто така изјави дека актуелната Администрација на Трамп е „абнормална“ и може да им нанаесе „трајни штети на американските институции“, поради што таа стравува за иднината на САД.

Хилари Клинтон, која му беше противкандидатка на Трамп на ланските претседателски избори, ги обвини и неговите приврзаници дека се луѓе кои „постојано поттикнуваат некакво незадовоство“.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти