Хезболах негира дека Сирија му праќа оружје

Од:

Лидерот на либанското движење Хезболах, Сајед Хасан Насралах, негира дека добиле хемиско оружје од Сирија.

Членови на опозициската сириска национална коалиција, го обвинуваа режимот на претседателот Башар ал Асад дека испраќа хемиско оружје на Хезболах, за да ја избегне меѓународната контрола.

-Обвинувањата се навистина смешни. Ние ги разбираме димензиите на тие обвиненија и тие имаат опасни последици за Либан, рече Насралах.

Тој нагласи дека Хезболах одлучно ги негира овие обвиненија, кои немааат никаква врска со вистината, пренесе „Ројтерс“.

Хезболах го поддржа Асад во текот на судирот во соседна Сирија и испрати своја војска да се бори на страна на режимот.

Сирија се согласи со предлогот на САД и Русија за уништување на оружјето, бидејќи западните сили го обвинија сирискиот претседател за нападот со нервен гас во Дамаск, кога беа убиени повеќе стотици лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан