Хејли: Светот не може да биде заложник на Иран

Од:

Од Иран треба да се бара одговорност за лансирање на ракети, поддршка на тероризмот, за непочитување на човековите права и кршење на резолуциите на Советот за безбедност на Обединети нации, изјави американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

Нејзината изјава е одговор на иранскиот претседател Хасан Рохани кој вчера предупреди дека Иран може да се откаже од нуклеарниот договор постигнат со светските сили, ако САД продолжат да воведуваат нови санкции.

– Не може да му се дозволи на Иран да го користи нуклеарниот договор за да го држи светот во заложништво, истакна Хејли додавајќи дека новите американски санкции не се поврзани со иранската нуклеарна програма.

Хејли следната недела во Виена ќе разговара за нуклеарните акции на Иран со претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија, како дел од контролите на Вашингтон дали Техеран ги изполнува обврските од Договорот од 2015 година.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас