Хејгл: САД и натаму се обидуваат да формираат меѓународна коалиција против Сирија

Од:

САД ќе продолжат со напорите за формирање на меѓународна коалиција, која ќе одговори на наводната употреба на хемиско оружје против цивили од страна на режимот во Дамаск, изјави денеска во Манила американскиот државен секретар за одбрана Чак Хејгл.

Тој ова го изјави откако вчера британскиот Парламент го отфрли предлогот на Владата за учество на земјата во воен напад врз Сирија.

– Нашиот план е да продолжиме да се обидеме да формираме меѓународна коалиција, која ќе дејствува усогласено, рече Хејгл на прес-конференција во главниот град на Филипините.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски