Хејг: Стотици Британци се борат во Ирак од страната на сунитските џихадисти

Од:

Неколку стотици британски граѓани учествуваат во судирите во Ирак како борци на сунитската џихадистичка група Исламска држава во Ирак и Левантот, која презеде под своја контрола неколку реони во земјата, изјави британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.

– Тие преминале во Ирак од соседна Сирија, истакна Хејг, додавајќи дека тоа е бројка од околу 400 Британци кои војуваат на страната на ИДИЛ во сирискиот конфликт и можат да претставуваат закана  доколку се вратат во Велика Британија.

Тој потврди дека Велика Британија нема да испрати свои војници во Ирак кои ќе и помогнат на Владата во борба против сунитските екстремисти.

Британското Министерство за одбрана веќе испрати во Багдад група експерти, кои треба да и помогнат на британската амбасада при вонредни услови.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски