Хејг ненајавено во Багдад: Ирачките лидери треба да се обединат

Од:

Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг денеска ненадејно отпатува во Багдад за да ги повика ирачките лидери да се обединат против офанзивата на сунитските екстремисти.

Хејг би требало да има средби со неколкумина лидери со кои ќе разговара за офанзивата на екстремистите, која како што оцени, е „смртоносна закана за стабилноста и територијалниот интегритет на Ирак“.

-Ирачката држава се соочува со егзистенцијална закана со огромно влијание на идната стабилност и слободата на државата, наведува Хејг.

Единствен и најважен фактор што ќе одреди дали Ирак ќе го надмине тој предизвик е политичкото единство, наведува Хејг во соопштение.

Неговата посета следува по посетата на американскит  државен секретар Џон Кери, кој ја испрати истата порака.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски