Хаваи се подготвуваат за неверојатно сценарио – напад од Северна Кореја

Од:

Американската сојузна држава Хаваи ја подготвува јавноста за евентуален балистички ракетен напад од Северна Кореја, иако се оценува дека тоа е неверојатно сценарио.

Државната агенција за управување со вонредни ситуации најави кампања за едукација на граѓаните што треба да прават во таков случај.

Од ноември во Хаваи ќе почнат проби на сирени за предупредување од напад, што не се имаат слушнато уште од крајот на Студената војна во 80-тите години од минатиот век.

На граѓаните ќе им се делат брошури со информации, а за кампањата за едукација ќе придонесат и телевизиите, радијата и интернетот.

– Ако не бидат информирани, граѓаните би можеле да се уплашат, изјави извршниот директор на Агенцијата, Тоби Клермонт.

Верн Мијаги од Агенцијата за управување со вонредни ситуации наведе дека со оглед на тоа што ракетата од Северна Кореја до Хаваи може да стигне од 15 до 20 минути, инструкциите за граѓаните треба да бидат едноставни: „влезете, останете внатре и следете ги информациите“.

– Тоа е многу неверојатно сценарио, но и можност што Хаваи не смее да ја игнорира, посочи Мијаги.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници