Хан: ЕУ не седи со скрстени раце во врска со мигрантите

Од:

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан го отфрла впечатокот дека ЕУ во врска со мигрантите „само гледа со скрстени раце“.

Во интервју за виенски „Курир“, тој нагласи дека нема да има краткорочни успеси и оти е неопходно за да се заштити Европа, да зајакне Африка.

– Бројот на мигранти на медитеранската рута е зголемен, но тоа е само петтина од она што беше на врвот на кризата на балканската рута, укажа Хан.

– Проблемите со миграцијата од Африка ќе бидат уште многу години. Би лажеле ако тврдиме дека тој проблем може краткорочно да се реши, нагласи Хан.

Тој додаде дека две години ЕК работи со оние африкански држави кои се земји на потекло на миграцијата.

– Неопходно е во тие држави да се поттикне сеопфатен развој и за тоа да се стават на располагање пари, наведе Хан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Лишен од слобода криумчар на мигранти