Хамонд: Нема напредок во преговорите за Иран

Од:

Засега нема напредок во преговорите за иранската нуклеарна програма во Виена, изјави британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд во Виена.

Во преговорите денеска учествуваат министрите за надворешни работи на Иран и на шесторката.

Дипломатите ќе имаат средби во различни формати, а потоа ќе се вратат во своите земји на дополнителни консултации, јави ТАСС, пренесувајќи ја изјавата на иранскиот заменик-министер за надворешни работи Маџид Тах Раванчи.

Тој не можеше да прецизира кога ќе се одржи состанок во целосен формат на министрите за надворешни работи на Иран и на земјите од шесторката (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија).

Преговорите за иранската нуклеарна програма беа продолжени до 7 јули.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел