Хамнеи: Иран и „фронтот на отпорот“ ќе им одржат незаборавни лекции на САД

Од:

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Моџтаба Хамнеи денеска порача дека Иран подготвува „незаборавни лекции“ за Соединетите Американски Држави, реагирајќи на новите американски воени напади врз Иран.

„Иран и фронтот на отпорот имаат незаборавни лекции за американскиот непријател“, напиша Хамнеи на својот профил на социјалната мрежа Икс.

Американските сили започнaa напади врз Иран околу полноќ по локално време, односно околу 17 часот по централноевропско време. При напад врз станбена зграда во градот Сирик, според иранските извори, загинаa најмалку четири лица, меѓу кои и едно дете, додека повеќе од 50 лица се повредени. Од Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), која започна со контранапади, соопштија дека се убиени повеќе американски војници и дека се уништени неколку американски воени хеликоптери. Овие тврдења засега не се независно потврдени.

ИРГЦ соопшти дека извршила напади врз касарните на американските маринци во кампот Тинтин во Јордан.

Во соопштението се наведува дека контранападите врз американските позиции и инфраструктура во регионот ќе продолжат. ИРГЦ, сепак, не прецизираше колкав е точниот број на наводно загинати американски војници.

Би можело да ве интересира

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи