Хамас се согласи на ново 24-часовно примирје

Од:

Палестинското исламистичко движење Хамас се согласи на ново 24-часовно примирје, кое треба да почне во 14 часот по локално време (11 по средноевропско време).

– Во договор со Обединетите нации, поради положбата на нашиот народ како и за Рамазан Бајрам спротиставените групи се согласија да поддржат 24-часовно хуманитарно примирје, кое почнува денеска во 14 часот, изјави портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри.

Израел се уште не се изјаснил за таквиот предлог, откако го укина сопственото 24-часовно примирје денеска како одговор на ракетните напади на Хамас врз јужниот и централниот дел на Израел.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа