Хамас: Момчињата и девојчињата не можат во исто училиште

Од:

Палестинското движење Хамас, кое управува со Појасот Газа воведе закон, со кој се забранува децата од различен пол да посетуваат исто училиште, откако ќе наполнат девет години.

Овој закон стапи во сила во неделата, а во член 46 се наведува дека се „забранува мешање на ученици од двата пола во образовни установи по девет години“.

Во пракса меѓутоа училиштата на палестинската територија веќе се поделени на установи за момчиња и за девојчиња. Аналитичарите нагласуваат дека целта на законот е да покаже дека Хамас ја следи исламската традиција.

Повеќето училишта во Појасот Газа ги раководат или Хамас или Обединетите нации.

Хамас и претходно бараше воведување на конзервативни верски закони и од девојчињата бараше да се облекуваат во долга облека и главите да ги покриваат со шамија. Исто така забрането е машки фризери да ги шишаат жените, а припадничките на понежниот пол не смеат да пушат водени лули – наргиле.  Меѓутоа во двата последни случаи прописите во потполност никогаш не се применувани.

Хамас владее со Појасот Газа од 2007 година, кога ги победи силите лојални на секуларниот, поумерен Фатах, кој сега доминира во Западниот Брег.

Би можело да ве интересира

Вашингтон му нуди на Израел разузнавачки информации за лидерите на Хамас во замена за откажување од нападите врз Рафах

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху: Немаме друг избор освен да го уништиме Хамас

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

Хамас: Предлог за прекин на огнот во три фази

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски