Хамас истрела ракети во Средоземното Море како предупредување кон Израел

Од:

Припадници на палестинското движење Хамас денеска од Појасот Газа истрелаа ракети во Средоземно Море. Според очевидци Хамас истрелал осум ракети, а за палестинското Министерство за внатрешни работи тоа е „акт на отпор“.

Неименуван претставник на Хамас изјави дека ракетите се порака за Израел дека вооружените организации во Појасот Газа, кои се соочени со агресија од Израел, нема да молчат.

Минатата недела трипати беа пуштани балони со запаливи материјали од Појасот Газа во Израел, а израелската армија одговори со напади врз позициите на Хамас.

Израел и Хамас досега трипати војуваа во 2008, во 2012 и во 2014 година. И покрај договорот за примирје, постигнат минатата година со посредство на Обединети нации, Египет и Катар, двете страни спорадично се судираат. Екстремистите од Појасот Газа истрелуваат ракети, минофрлачки проектили и пуштаат запаливи балони, а Израел воглавно одговара со напади од воздух.

Според палестинските аналитичари, нападите од Појасот Газа често имаат за цел да извршат притисок врз Израел за да ја одобри финансиската помош од Катар.

Според податоци на Светска банка, пред пандемијата со новиот коронавирус 53 отсто од жителите на Појасот Газа живееле под граница на сиромаштијата, а сега, нивниот процент е зголемен на 64. Во Појасот Газа регистрирани се 78 инфицирани лица и еден смртен случај.

Би можело да ве интересира

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот