Хамас има „црвени линии“ за мировниот план на Трамп и Нетанхају

Од:

Хамас останува отворен за сите предлози за прекин на војната во Газа, а воедно и заштита на палестинските интереси и целосно повлекување на израелската армија од Газа, изјави за Би-Би-Си висок функционер од палестинската група, нагласувајќи дека прашањето за разоружување е „црвена линија“.

„Хамас останува отворен да разгледа каков било предлог што би можел да ја прекине војната во Газа, но секој договор мора да ги заштити палестинските интереси, да обезбеди целосно повлекување на Израел од Газа и да ја прекине војната“, рече функционерот.

На прашањето за разоружувањето на групата, функционерот рече дека тоа е „црвена линија“ за Хамас.

„Оружјето на палестинското движење на отпорот е црвена линија сè додека трае окупацијата. Прашањето за оружјето може да се разгледа само во рамките на политичко решение што гарантира воспоставување независна палестинска држава во границите од 1967 година“, предупреди тој.

Функционерот на Хамас, Махмуд Мардави, претходно изјави за Ал Џезира дека палестинската милитантна група сè уште не добила писмен мировен план за Газа.

Тој рече дека предлогот на САД за Газа, презентиран на прес-конференција по состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, „се наклонува кон израелската перспектива“.

Мировниот план на Белата куќа за Газа, предлага крај на конфликтот меѓу Израел и членовите на палестинската милитантна група Хамас, како и враќање на сите заложници што ги држи групата, мртви и живи, во рок од 72 часа од јавното прифаќање на договорот од страна на Израел.

Според планот, доколку двете страни се согласат со предлогот, војната во Појасот Газа „ќе заврши веднаш“.

Израелските сили ќе се повлечат на договорените линии за да се подготват за ослободување на заложниците, а откако ќе бидат ослободени сите заложници, Израел ќе ослободи 250 Палестинци кои отслужуваат доживотна казна затвор и 1.700 жители на Газа кои се притворени откако започна војната на 7 октомври 2023 година, се наведува, меѓу другото, во планот.

Би можело да ве интересира

Доналд Трамп најави 100 отсто царина на странски филмови

Нетанјаху му рече на Трамп: Го поддржувам вашиот план, ако Хамас одбие, ние ќе ја завршиме работата

Објавена мапа е мапа како ќе изгледа Појасот Газа според планот на Трамп

33 лица убиени во израелски напади во Газа

Нетанјаху го прифаќа планот на Трамп за завршување на војната

Горан Наумовски

Ројтерс: Нетанјаху му се извини на Катар за нападот во Доха за време на средбата со Трамп