Халит Челик: Турција нема да испрати своја војска во Сирија

Од:

Турција нема намера самостојно да испрати своја војска во Сирија, изјави синоќа постојаниот претставник на Турција во ОН, Халит Челик.

Според него, копнена операција е можна само во состав на меѓународната коалиција, предводена од САД, која се бори против терористичката организација Исламска држава или во случај доколку има дозвола за тоа од Советот за безбедност на ОН.

Турскиот дипломат нагласи дека Анкара „го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија“, но има целосно право да одговори на напади врз своја територија од страна на сириските курдски Сили за заштита на народот, кои Анкара ги смета за терористи.
– Турција нема да влезе на сириска земја, доколку тоа не е дел од колективно дејствување – било во рамки на резолуција на СБ на ОН, било во рамки на меѓународната коалиција, чии сме дел. Ако тоа се случи, тогаш ќе биде колективен чекор, а не турска национална операција, истакна Челик.

Русија вчера во СБ на ОН поднесе предлог-резолуција за заштита на суверенитетот на Сирија, со која се бараше итен прекин на секакви напади преку границата, како и повлекување од сите обиди или планови за странска воена интервенција на сириска територија.
Советот за безбедност не постигна согласност околу рускиот предлог.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски