Хакиран системот на Изиџет, загрозени платежните картички на 2.000 патници

Од:

Британската нискобуџетна авиокомпанија Изиџет објави дека хакери со „исклучително софистициран“ напад пробиле во нивната електронска пошта, пристапувајќи до детали за патувања на околу девет милиони клиенти и податоци за кредитни картички на повеќе од 2.000 патници.

Авиокомпанијата, која приземји поголем дел од своите летови поради пандемијата на Ковид-19, додаде дека, сепак, засега се чини дека не се злоупотребени лични податоци.

– На безбедносните прашања им пристапуваме исклучително сериозно и продолжуваме да инвестираме во натамошно подобрување на нашето безбедносно опкружување, се вели во соопштението на компанијата.

Хакерите ги интензивираа нападите врз големите компании за да пристапат до податоците кои тие ги имаат за своите клиенти.

„Бритиш ервејс“ беше жртва на хакерски напад во 2018 година, кога беа украдени податоци од кредитни картички на стотици илјади клиенти, а мета на хакери беше и Катај Пацифик.

Би можело да ве интересира

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он

Хакерски напад на НАТО

При хакерски напад загрозени личните податоци на повеќе од 10 милиони жители на Австралија

А1он

Топ чанел ексклузивно по кибернападите: Хакери презеле државни документи на Албанија

Институциите молчат, инсајдери јавуваат дека хакерскиот напад на Бирото за јавни набави е од Грција и исклучиво за пари

Хакерски напад на Бирото за јавни набавки, се бара откуп во биткоини, алармираат инсајдери