Институциите молчат, инсајдери јавуваат дека хакерскиот напад на Бирото за јавни набави е од Грција и исклучиво за пари

Од:

МВР и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти втор ден молчат за блокадата на веб-страницата на Бирото за јавни набавки која шест дена е блокирана. Инсајдери вчера јавија дека се работи за успешен хакерски напад на страницата од која бил избришан целиот бекап, а за враќање на основните податоци хакерите барале откуп во биткоини.

За нападот молчи и директорот на Бирото за јавни набавки Борче Хаџиев. Тој не одговара на телефонските повици, ниту на пораките во кои „А1он“ побара објаснување за блокираната веб – страница.

Додека институциите молчат, инсајдери повторно јавуваат дека веќе е извесно од каде дошол нападот.

„Страницата е нападната од хакерска група од Грција и зад нападот, според сегашните информации, нема некаква друга заднина туку се работи исклучиво за пари, бараат откуп. Сите овие податоци им се познати на надлежните институции“, велат инсајдери за „А1он“.

Тие вчера јавија дека врз страницата на Бирото за јавни набавки е извршен “ransomware” напад кој претставува криптирање на податоците, а за нивно враќање односно декриптирање потребен е клуч за кој хакерите бараат откуп во биткоини.

Шест дена во недоумица се и јавните институции и компаниите кои соработуваат со нив оти немаат насоки како да постапуваат. На страницата место податоци за тековните тендери на јавните институции, информации за склучените договори како и архива од досегашното работење, стои само известување дека сервисот е недостапен поради сериозни технички проблеми и дека сите рокови за јавните отворања, крајните рокови и аукциите ќе бидат продолжени.

Извори за „А1он“ велат дека се стравува од трајно бришење на архивата на Бирото за јавни набавки што остава простор за манипулации со информациите за минати тендери.

Би можело да ве интересира

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он

Пола милион евра за празници: На тендерот едни исти – 100.000 евра на тетовска фирма за 22 години од Рамковниот, 350.000 за четири државни празници

А1он

Хакерски напад на НАТО

При хакерски напад загрозени личните податоци на повеќе од 10 милиони жители на Австралија

А1он

Топ чанел ексклузивно по кибернападите: Хакери презеле државни документи на Албанија

Хакерски напад на Бирото за јавни набавки, се бара откуп во биткоини, алармираат инсајдери