Повеќе од 1.000 хакерски напади во Русија од почетокот на парламентарните избори

Од:

Руската изборна комисија денеска соопшти дека регистрирала „повеќе од 1.000“ сајбер-напади насочени кон попречување на парламентарните избори, како и обиди за хакирање на телекомуникациските системи кои покажуваат знаци на „украинско мешање“, пренесоа руските агенции.

„Регистрирани се повеќе од 1.000 DDoS-напади врз руската инфраструктура вклучена во изборниот процес“, изјави Ела Памфилова, шефица на изборната комисија, цитирана од руските новински агенции.

DDoS-нападите (дистрибуирано оневозможување на услуга) имаат за цел да преплават одреден систем со бранови од континуирани барања.

„Нападите беа изведени од високопрофесионални и добро координирани групи, со користење алатки за вештачка интелигенција, а повеќето од нив потекнуваа од странство“, рече Памфилова.

„Исто така, беа изведени обиди за таргетирани напади врз руската телекомуникациска инфраструктура во целина“, рече таа, додавајќи дека „сите тие покажуваат знаци на украинско мешање“.

Уште во саботата, вториот ден од гласањето – кое во околу 30 региони се спроведува и по електронски пат – руската изборна комисија објави дека системот за гласање бил цел на „многу силен сајбер-напад“, кој продолжил во текот на целиот ден.

Според податоците на комисијата, до 15:20 часот по московско време денеска, излезноста на гласачите изнесувала 52,64 отсто.

Би можело да ве интересира

Аеродромот во Брисел откажува 50 отсто од летовите поради сајбер напад

Институциите молчат, инсајдери јавуваат дека хакерскиот напад на Бирото за јавни набави е од Грција и исклучиво за пари

Хакерски напад на Бирото за јавни набавки, се бара откуп во биткоини, алармираат инсајдери

МВР утврди хакерски напад врз веб-страницата на ДИК на денот на изборите, се бараат сторителите

Жарко Настоски