Хакерски напад врз севернокорејски владини сајтови

Од:

Хакери нападнаа два севернокорејски сајтови, контролирани од Владата. Страницата на Пјонгјанг во мрежата Твитер и сајтот за споделување фотографии и видеоснимки Фликер престанаа да испраќаат содржини, типични за режимот, како фотографии или снимки на лидерот Ким Џонг-ун на средби со воени команданти.

Наместо тоа на сајтот Фликер денеска се гледа лицето на Ким Џонг-ун со свинска муцка и цртеж на Мики Маус на градите со следниот текст: „Му се заканува на светскиот мир со балистички ракети и нуклеарно оружје. Троши пари додека народот му гладува до смрт“.

Едно од соопштенијата на Твитер, беше порака од групата Анонимните. Владата на Северна Кореја отвори свој профил на социјалната мрежа во 2010 година и има 13 илјади следбеници.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг