Хакерски напад врз компанија, која се бори спротив спам пораки

Од:

 Моќен кибер напад е извршен врз компанија, која ги попречува спам пораките да влегуваат во е-мејл адресите на корисниците насекаде во светот.

Компанијата Спамхаус истакна дека од средината на овој месец е цел на напади, најверојатно од страна на фирми, разгневени поради тоа што се вклучени на нејзината црна листа.

Како последица на нападот загубен е пристапот до интернет страницата на сајтот. Таков напад се добива кога еден од серверите е преплавен со соопштенија, како на пример кога стотици писма наеднаш ќе бидат пуштени низ отворот на едно поштенско сандаче.

Брзината на нападот е 300 милијарди бити во секунда, според компанијата КлаудФлер, со седиште во Сан Франциско, која и помага на Спамхаус да се справи со кибернападот.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг