Хакерски напад блокираше 800 продавници на трговски ланец во Шведска

Од:

Хакери вчера ја нападнаа американската компанија „Касеја“ за да побараат пари од потенцијално можеби и илјада компании покриени со нивниот софтвер, што како првична директна последица го имаше исклучувањето на околу 800 продавници на „Coop“ во Шведска.

Нападот ги парализираше фискалните каси во “Coop“, еден од најголемите синџири на супермаркети во Шведска, што вчера мораше да ги затвори вратите за купувачите.

Се уште не е можно да се процени големината на нападот.

Наречен „рансомвер“ или софтвер за уцена, овој вид на ИТ програма ги користи безбедносните слабости на компанијата или личноста за да ги парализира нивните ИТ системи и потоа да бара откуп за да ги деблокира.

Компанијата „Касеја“, што кибер нападот го нарече „софистициран“, соопшти дека нападот е ограничен на „многу мал број клиенти“.

Компанијата во петокот вечерта објасни дека открила можен инцидент на својот софтвер ВСА, пред продолжениот викенд, а потоа процени дека „се погодени помалку од 40 клиенти ширум светот“, иако, тие, меѓутоа, им даваат услуги на други компании.

Според „Хантрас лабс“, компанија специјализирана за безбедност на информациите, „повеќе од 1.000 компании се погодени од нападот“.

Би можело да ве интересира

Хакерите што го блокираа аеродромот во Сплите бараат преговори

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он

Хакерски напад на НАТО

При хакерски напад загрозени личните податоци на повеќе од 10 милиони жители на Австралија

А1он

Топ чанел ексклузивно по кибернападите: Хакери презеле државни документи на Албанија

Институциите молчат, инсајдери јавуваат дека хакерскиот напад на Бирото за јавни набави е од Грција и исклучиво за пари