Гватемала: Моралес најави дека ќе го протера шефот на антикорупциската комисија на ОН

Од:

Претседателот на Гватемала Џими Моралес најави дека ќе ја протера од земјата шефот на антикорупциската комисија на ОН, Иван Валаскес.

Тој, во Гватемала истражува како била финансирана предизборната кампања на Моралес.

Во видеото што беше објавено на владиниот официјален налог на Твитер, Моралес го нарече Валаскес персона нон грата и му наложи веднаш да ја напушти земјата.

Валаскес ја предводи експертската комисија што беше основана пред една деценија за да соработува со домашните обвинители со цел искоренување на корупцијата во Гватемала.

Тој и главниот државен обвинител на Гватемала најавија дека ќе побараат одземање на имунитетот на претседателот Моралес поради истрага за кршење на правилата при финансирање на кампања.

Уставниот суд на Гватемала, меѓутоа, на итна седница, со мнозинство гласови го запре извршувањето на претседателската наредба.

Моралес, сепак, инсистира специјалниот иследник Гомез да ја напушти земјата, тврдејќи дека Уставниот суд нема право да блокира претседателска наредба, кога станува прашање за надворешната политика, како што според шефот на државата е овој случај.

Кризата во односите меѓу претседатеот Моралес и ОН настана кога антикорупциската комисија на Свеската организација ја поддржа одлуката на гватемалските праавосудни власти да му се одземе политичкиот имунитет на претседателот на Гватемала за да се спроведе истрагата.

Државниот обвинител на оваа земја, покрена истрага против Моралес обвинувајќи го дека ги злоупотребил фондовите за неговата изборна кампања во 2015 годиа, кога тој беше избран за претседател.

На тие избори тој победи заговарајќи конечна пресметка со раширената корупција во оваа земја. Тој е поранешен комичар кој никогаш досега не бил во политиката, а довербата ја доби уверувајќи ги гласачите дека „не е корумпиран и дека не е крадец“.

Неговиот сегашен отпор да се спроведе истрага, под контрола и на ОН, за изборна корупција, предизвика револт во домашната јавност, па на улиците на Гватемала Сити имаше протести против постапката на Моралес кон иследникот на Светската организација.

Гватемалскиот министер за здравство поднесе оставка, во знак на протест против „недемократската постапка“ на претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Гватемала

Горан Наумовски

Камионет падна во провалија во Гватемала, загинаа 17 лица

Ана Ололовска

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени

Ана Ололовска

Претседателот на Гватемала воведе вонредна состојба на северот од земјата по насилните протести против рудниците за никел

Ана Ололовска

Во Атина запленија 350 кила кокаин сокриен во вреќи со кафе од Гватемала

Жарко Настоски

Седуммина загинати во бунт во затвор во Гватемала

Ана Ололовска