Гутереш: Во светот има доволно храна, проблемот е во распределбата

Од:

Во светот има доволно храна, проблемот е во нејзината дистрибуција и е поврзан со ситуацијата во Украина, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

-Во светот има доволно храна за сите. Проблемот е дистрибуцијата и таа е тесно поврзана со ситуацијата во Украина, рече Гутереш, говорејќи на состанокот на Советот за безбедност на светската организација посветен на конфликтите и безбедноста на храната.

Обединетите нации работат на постигнувањето договор за укинување на ограничувањата за украинскиот извоз на земјоделски производи, храна и ѓубрива од Русија, рече тој.

-Работиме на пакет договор што ќе и помогне на Украина да извезува храна не само со железница, туку и преку Црно Море, а храната и ѓубривата од Русија ќе ги врати на светските пазари без ограничувања, рече генералниот секретар на ОН.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска