Гутереш: Смртта на заложниците не потсетува на важноста да се стави крај на кошмарот во Газа

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денеска повика на ослободување на сите заложници и прекин на војната во Појасот Газа, откако во палестинската енклава беа откриени телата на шестмина заложници.

„Никогаш нема да ја заборавам мојата средба минатиот октомври со родителите на Херш Голдберг-Полин и другите заложнички семејства. Денешната трагична вест е поразителен потсетник за потребата од безусловно ослободување на сите заложници и крај на кошмарот на војната во Газа“, изјави Гутереш.

Телата на шестмината заложници киднапирани од Хамас на 7 октомври минатата година се пронајдени во тунел во областа Рафа во Појасот Газа, соопшти претходно денеска израелската армија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“