Гутереш: Предизвиците на денешницата бараат мултилатерален свет

Од:

Во соочувањето со предизвиците на денешницата, потребен ни е мултилатерален свет со силни мултилатерални институции, како и универзално почитување на меѓународното право, рече генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој преку видео линк се обрати на отворањето на 41-то Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ).

– На овој начин ќе изградиме просперитетен и одржлив свет каде никој нема да биде изоставен. Сметам на вашата постојана поддршка, изјави Гутереш.

Тој го поздрави фокусот на пратениците на меѓународното право, универзалната покриеност со здравствена заштита, вонредните ситуации предизвикани од климатските промени и целите на одржлив развој.

– Како поранешен пратеник знам дека вашиот придонес како претставниците на граѓаните е од суштинско значење за побрз заеднички напредок, истакна Гутереш.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска