Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика луѓето и нациите да се обединат против заедничката закана од Ковид-19, јави ДПА.
Новиот коронавирус првично се појави во декември во кинескиот град Вухан и брзо се прошири низ целиот свет, заразувајќи над 120.000 лица.
-Ова е повик за одговорност и солидарност, како обединети нации и како обединети поединци, рече Рутереш, пренесен од германската агенција.
„Додека се бориме со вирусот, ние не смееме да дозволиме стравот да стане вирусен“, додаде тој.
-Заедно, сè уште можеме да го промениме текот на оваа пандемија, но тоа значи решавање на неактивноста. Најдобрите научници ни кажуваат дека доколку државите откриваат, тестираат, третираат, изолираат, трагаат и ги мобилизираат своите луѓе како одговор, можеме да одиме на долгиот пат кон ублажување на преносот на заразата, изјави Гутереш.
Неговиот апел следеше откако Светската здравствена организација вчера соопшти дека вирусот преминал во пандемија, оставајќи им на националните влади да се борат за остварливи превентивни мерки. Тој ги повика владите веднаш да преземат и да ги засилат своите напори во борбата против пандемијата.