Гутереш: Младите инспирација во борбата против климатските промени

Од:

Најавувајќи го Самитот на ОН за климатските промени, кој ќе биде одржан во септември, генералниот секретар на Он Антонио Гутереш истакна дека протестите на младите треба да инспирираат на конкретни акции.

„Мојата генерација не успеа да понуди соодветен одговор на драматичните предизвици од климатските промени. Тоа силно ги погаѓа младите и не е чудо што се бесни“, напиша Гутереш во авторскиот текст објавен во „Гардијан“ и „Монд“.

Според него, парискиот договор, иако визионерски, одржлив и долгорочна политичка рамка за запирање на климатските промени, е бесмислен без одлучна акција.

Гутереш изрази надеж дека на самитот за климатските акции во септември, на кој ги повика светските лидери, ќе се разговара за конкретни и реалистични планови за дополнителни напори на сите земји за емисијата на гасови со ефект на стакленичка градина ќе биде намален за 45 отсто во текот на наредните децении.

„Времето ни истекува, веќе го немаме луксузот за одложување на соочувањето со климатските промени, кое е еднакво опасно како и негирањето на постоењето на тој глобален проблем“, предупреди Гутереш.

Повикувајќи се на најновите анализи кои покажуваат дека со итна реакција може да се намали емисијата на јаглен-диоксид во рок од 12 години и и да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, Гутереш истакна дека ќе биде невозможно да се предвидат последиците доколку се продолжи на патот по кој сега се оди.

Тој оцени дека ефикасни решенија можат да ја зајакнат економијата и да креираат нови работни места, со оглед на тоа дека новите технологии уште сега испорачуваат енергија по цени пониски од енергијата добиена од фосилни горива, како и дека соларната и ветероенергијата се најевтини извори на нова енергија.

Сепак, тој оцени дека мора да се покренат радикални промени, кои би подразбирале укинување на субвенциите за фосилни горива и земјоделската пракса која емитува голема количина на јаглен диоксид, како и премин на обновлива енергија, електрични возила и интелигентна климакса пракса. Гутереш вели дека тоа вклучува и забрзување на процесот на затворање термоелектрани на јаглен и замена на тие работни места со поздрави, бидејќи транзицијата мора да биде праведна, инклузивна и профитабилна, а акциските планови не смеат да создаваат победници и губитници или да придонесуваат за економска нееднаквост.

Генералниот секретар го завршува текстот со порака за младите: Што повеќе ја гледам вашата посветеност и вашиот активизам, повеќе сум уверен дека ќе победиме. Заедно, со ваша помош и благодарејчи на вашите напори, ние можеме и мораме да ја победиме оваа закана и да создадеме почист, побезбеден и позелен свет за сите.

Би можело да ве интересира

ОН: Во Сомалија два милиона луѓе би можеле да починат од глад

Ана Ололовска

ОН ја продолжи својата мисија во Либија за една година

Ана Ололовска

Гутереш: Светот не би можел за живее со голем конфликт во Заливот

Ана Ололовска

Помпео: Можен состанок на Трамп со Рохани на ГС на ОН

Ана Ололовска

Експерти: Глобално прилагодување кон климатските промени со големи придобивки

Ана Ололовска

Климатски активисти го зазедоа црвениот тепих на Венецијанскиот филмски фестивал

Ана Ололовска