Гутереш ја назначи Малала за Амбасадор за мир на ОН

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ја назначи добитничката на Нобелова награда Малала Јусафзаи (19) за Амбасадор за мир на ОН, со цел да го промовира образованието на девојчињата.

Малала со ова назначување стана најмладиот амбасадор за мир на ОН, највисоката почест што ОН ја доделува секоја втора година, а воедно таа е и најмладата личност која добила Нобелова награда за мир во 2014 година, на 17-годишна возраст.

– Ти не си само херој, туку и многу посветена и благородна личност, и се обрати Гутереш на Малала.

Оваа девојка од Пакистан стана позната откако Талибанците ја застрелаа во глава во 2012 година додека го напуштала училиштето.

– Екстремистите се обидоа да ме запрат и да ме убијат, но не успеаа. Ова сега е нов живот, ова е втор живот и за мене тоа е целта на образованието, нагласи Малала.

Таа беше нападната поради кампањата што ја водеше против напорите на Талибанците да го отстранат девојчињата од образованието.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска