Гутереш ги повика лидерите на Г-20 на повеќе храброст заради справување со критичните проблеми поради климатските промени

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика лидерите на земјите од Г-20 да заземат посилна лидерска улога и да преземаат похрабри акции заради справување со критичните проблеми предизвикани од климатските промени кои водат до нееднаквост.

– Светот се соочува со криза на довербата, изјави Гутереш пред новинарите во седиштето на ОН во Њујорк, пред да отпатува во Буенос Аирес, каде утре и задутре ќе учествува на годишната средба на врвот на Групата од дваесет министри за финансии и гувернери на Централната банка. Во таа група се 19 национални економии плус ЕУ.

Гутереш истакна дека е императив државите да работат заедно за да создадат поправеден свет.

– Одиме кон свет на катаклизми и несигурност поради климатските промени, предупреди Гутереш.

Тој вели дека „оние кои се заборавени од глобализацијата, губат доверба во владите и институциите”, нееднаквоста е „широко распространета и зема замав”, трговските спорови ескалираат, а геополитичките тензии „вршат дополнителен притисок врз глобалната економија”.

Би можело да ве интересира

Гутереш ги повика Израел и Хамас да постигнат договор за прекин на огнот во Газа

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Гутереш: Убиството на повеќе од 100 Палестинци во Газа бара ефективна независна истрага

Шефот на ОН: Палестинската агенција за бегалци е столбот на хуманитарниот одговор во Газа

Гутереш: Правото на Палестинците да градат сопствена држава мора да биде признаено од сите