Гутереш: Правото на Палестинците да градат сопствена држава мора да биде признаено од сите

Од:

Правото на палестинскиот народ да изгради своја држава мора сите да го признаат, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш на самитот на Движењето на неврзаните во Уганда.

„Одбивањето да се прифати решението за две држави за Израелците и Палестинците и негирањето на правото на државност на палестинскиот народ се неприфатливи“, рече тој во главниот град на Уганда, Кампала, објави „Тајмс оф Израел“.

Таквиот став „на неодредено време ќе го продолжи конфликтот кој стана главна закана за глобалниот мир и безбедност, ќе ја влоши поларизацијата и ќе ги охрабри екстремистите насекаде“, посочи Гутереш.

„Правото на палестинскиот народ да изгради сопствена држава мора да биде признаено од сите“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Израел: Пронајдовме тела на пет заложници во Газа

Израелските сили пукаат врз Палестинците во Шеџаја

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on