Гутереш: Едноставно е незамислива идејата за нуклеарен конфликт

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, на денешната вонредната седница на Генералното собрание посветена на Украина, нагласи дека идејата за нуклеарен конфликт е „едноставно незамислива“.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја зголеми специјалната борбена готовност на руските сили за одвраќање, меѓу кои е и нуклеарното оружје.

Според Гутереш тоа е „застрашувачки развој на ситуацијата“.

ГС на ОН денешната седница ја почна со едноминутно молчење за Украина, а Франција ќе поднесе резолуција во Советот за безбедност на ОН, со која ќе повика на итен прекин на огнот во Украина и гаранции за доставување на хуманитарна помош до цивилите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот