Гутереш: Дводржавно решение е единствена опција за израелско-палестинскиот конфликт

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека дводржавно решение на израелско-палсетинскиот конфликт останува единствена одржлива опција.

Гутереш, кој за време на првата посета на Западен Брег се сретна со палестинскиот премиер Рами Хамдалах, истакна дека ќе направи се идејата за дводржавно решение да се материјализира.

– Неколку пати реков дека не постои план Б за дводржавно решение, посочи генералниот секретар на ОН.

Тој додаде дека изралеските населби се главна препрека за мирот, како и оти се „незаконски според меѓународното право“.

Гутереш по вчерашната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги критикуваше израелските населби, но истакна и дека Палестинците мора да го осудат тероризмот.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците