Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Од:

Поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант ги повика властите во земјата да дадат приоритет на враќањето на заложниците пред уништувањето на палестинската милитантна група Хамас.

– Времето истекува. Прво вратете ги заложниците, а потоа сменете ја владата на Хамас. Ако го направиме спротивното, нема да има кому да се вратиме, рече Ганц за време на настан во Академскиот колеџ Нетања, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој изјави дека не е сигурен дека националната потреба за враќање на заложниците „ќе ги надмине политичките причини“.

Минатата недела Израел продолжи со воената операција во Газа, прекршувајќи го договорот за прекин на огнот со Хамас.

Според палестинското Министерство за здравство, во обновениот напад загинале 855 лица.

Би можело да ве интересира

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

Најмалку деветмина загинати во израелски напади во Појасот Газа

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Ајзенкот навести формирање малцинска влада со поддршка од арапските партии

А1он

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран