Гунзбург: Русија до крајот на летото ќе ја регистрира вакцината против коронавирусот

Од:

Русија во август може да ја регистрира вакцината против коронавирусот, најави директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, Александер Гунцбург.

-Верувам дека можевме да ја регистрираме вакцината до крајот на летото. Јас би рекол дека може да биде и во август, ако се оди според планот и доколку нема изненадувања, рече Гунзбург во интервју за телевизија „Русија 1“, пренесе Тасс.

Истражувањето во моментов е во фаза на предклинички испитувања, што може да трае уште најмногу еден месец.

Според Гунзбург, вакцината ќе се става на десното рамо, но не сите Руси ќе може да ја примат во исто време.

-Министерството за здравство размислува како да го стори тоа, какви капацитети ќе бидат ангажирани за да се зголеми производството на вакцини, рече Гунзбург.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија