Гугл палестинските територии ги нарече „Палестина“

Од:

Гугл го призна постоењето на палестинска држава, пренесуваат американските медиуми.

Портпаролот на компанијата, Нејтан Тајлор, сооопшти дека таа одлучила во своите производи да го промени името „Палестински земји“ со „Палестина“.

Според него, кога именува некоја земја Гугл се консултира со најразлични извори и власти, а во овој случај го следеше примерот на неколку меѓународни организации.

Ова се случува по одлуката на ОН од минатата година да го зголеми статусот на Палестинците до „држава набљудувач нечленка“, забележуваат американските медиуми.

Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Игал Палмор, изјави дека Гугл не е дипломатски субјект, што го покренува прашањето зошто компанијата се меша во едно спорно меѓународно прашање.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он