Гугл Мап направи исчекор во прикажувањето слики на Северна Кореја

Од:

По минатомесечната посета на претседателот на компанијата „Гугл“ Ерик Шмит на Северна Кореја и состаноците на кои е разговарано за ограничувањето на оваа компанија за прикажување слики на Северна Кореја на „Гугл Мап“, направен е исчекор во тој поглед.

Од „Гугл“ е соопштено дека на нивната апликација „Гугл Мап“ ќе се наоѓаат многу паркови, споменици, улици и железнички станици во Пјонгјанг.

severna-koreja

Новата карта е изработена врз основа на сателитските снимки од 2009 година, а искористени се и голем број фотографии и сознанија до кои дошла компанијата со посредство на посетители на Северна Кореја. На „Гугл Мап“ ќе се најдат и слики од четирите области на Северна Кореја, кои власта ги користи како затвори.

Од компанијата наведуваат дека ниту новата карта не е совршена, но дека е голем исчекор во однос на претходната, а се најавува и продолжување на нејзиното унапредување во блиска иднина.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња