Министрите за земјоделство на групата АСЕАН+3 на годишниот состанок што се одржува во Мјанмар, договорија заедничка политика за промоција на земјоделството и заштита на тропските шуми.
Покрај десетте членки на Асоцијациjaта од државите во Југоисточна Азија групата ја сочинуваат и Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Заедничката политика е утвредена за период од 2.015 до 2.020 година во време кога во рамките на АСЕАН ќе профункционира договорот за економска и политичка соработка мошне сличен на Европската унија.
Договорот предвидува неограничена соработка меѓу државите од овој дел на светот во спречување на причините и последиците од кои се уништува плодното земјиште. Меѓудржавна соработка ќе се остварува и на планот за заштита и обнова на тропските шуми.
Во соопштението од Министерскиот состанок во Мјанмар се истакнува дека овој дел на светот „полага испит на совеста“ пред другиот дел од Земјата, бидејќи во последниве две децении поради уништувањето на прашумите Југоисточна Азија се најде на врвот на листата на региони што ги предизвикуваат негативните климатски промени.