Група германски дипломати денеска ја напуштија Русија

Од:

Дел од вработените во германските дипломатски претставништва денеска ја напуштија Русија, соопшти германското Министерство за надворешни работи без да го прецизира нивниот број.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на крајот на април на ТВ каналот Звезда изјави дека повеќе од 20 германски дипломати ќе бидат протерани од Русија како одговор на протерувањето на руските дипломати од Германија, пренесува Тас.

„Германската влада беше во контакт со руската страна во последните неколку недели со цел да се намали присуството на руски специјални служби во Германија“, се вели во извештајот на германското министерство.

Како резултат на тоа, некои вработени во дипломатските претставништва ја напуштија Германија кон средината на месецот.

Нивните активности не беа во согласност со дипломатскиот статус, соопштија од прес-службата на германската страна.

„За возврат, руската влада побара сличен број вработени во германските мисии да ја напуштат земјата. Тие ја напуштија Русија денеска, 1 мај“, соопшти Министерството.

Германскиот весник „Билд“ претходно пишуваше, повикувајќи се на неименувани извори, дека 34 од околу 90 германски дипломати кои работат во Русија морале да ја напуштат земјата.

Би можело да ве интересира

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

Русија официјално ја обвини Украина за масакрот во Москва

Уапсен е уште еден осомничен кој учествувал во финансирањето на терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на загинати во терористичкиот напад во Москва, едно од повредените лица почина

Горан Наумовски

Бројот на повредени во нападот во Москва се зголеми на 360

Горан Наумовски