Бројот на повредени во нападот во Москва се зголеми на 360

Од:

Бројот на повредени во нападот во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва се искачи на 360, соопшти денеска медицинската служба.

„Според податоците од утринава, во терористичкиот напад се повредени 360 лица, меѓу кои 11 деца“, се наведува во соопштението кое го пренесува Тас.

Вкупно 92 лица повредени во нападот се хоспитализирани, додека 63 лица веќе се отпуштени од болниците, а 205 се на амбулантско лекување, додаде здравствениот претставник.

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во предградието на Москва, во кој загинаа најмалку 139 лица.

Во нападот се уапсени 11 осомничени, вклучително и четворица вооружени лица, кои беа приведени во областа Брјанск, југозападно од Москва, додека се обидуваа, според руските власти, да побараат засолниште поминувајќи ја блиската украинска граница.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

Голема потера во Москва по осомничен терорист