Се зголемува бројот на загинати во терористичкиот напад во Москва, едно од повредените лица почина

Од:

Почина едно лице повредено во нападот на концертната сала „Крокус сити хол“ во предградието на Москва, кое беше во исклучително тешка состојба, со што вкупниот број на жртви на тој терористички чин се искачи на 140, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Тој додаде дека уште четири повредени лица се уште се во критична состојба, дека 19, меѓу кои три деца, се во тешка состојба, а 34 се во стабилна состојба, пренесува РИА Новости.

„Уште 23 жртви го завршуваат болничкото лекување и се подготвуваат да бидат отпуштени“, рече Мурашко.

Би можело да ве интересира

Осомничениот за нападот во Москва е приведен во Бодрум

Горан Наумовски

Во Москва втор ден по ред е соборен температурниот рекорд

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на жртвите во пожарот близу Москва, луѓето во паника скокнале од прозорците на запалената зграда

(ВИДЕО) Најмалку двајца загинати во големиот пожар во зграда во близина на Москва

(ВИДЕО) Во близина на Москва гори Институт, во зградата има луѓе

Горан Наумовски